(Фото) Рики Мартин по желба на сопругот си ја офарба брадата

Кралот на латино-поп музиката, пејачот Рики Мартин, ги изненади 15. милиони следбеници со фотографија од својот нов изглед, на која се гледа дека бојата на неговата брада е посветлена. Рики вели дека додека ја чека номинацијата за Греми, решил по желбата на сопругот, да ја промени бојата на својата брада.

„Кога ми е досадно се бланширам, по желба на сопругот“, напиша пејачот на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Рики, кој врвот на светската музичка сцена го имаше во 90-тите години на 20. век, собра над 14.000 коментари на фотографијата со бела брада.

„Изгледаш како Дедо Мраз“, „Започна нов тренд“,  „Со белата брада направи нова машка хит мода, сега 90 проценти од машката популација ќе си ја бојадисаат во таа платинеста секси-боја“, „Знаеш како да го привлечеш вниманието, дури и откако со маж ќе застанеш на лудиот камен“ беа дел од коментарите од фановите.

 

Рики Мартин позираше и со златниот грамофон, негова стара греми награда, што го доби за албумот Паус, за да ја објави и овогодинешната номинацијата, за Најдобар латино-поп албум, на Греми наградите, што ќе се одржат на 14. март во Лос Анџелес.

Латино ѕвездата од 2018 година е во признат хомосексуален  брак со својот сопруг, уметникот Јиван Јосеф, со кого живее заедно од 2016 година, а имаат и четири деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Scroll to Top