Речиси е невозможно да не се сеќавате на сите луди пренкови што ги има направено познатиот руски јутубер Виталиј Здороветски.
За жал, тој во моментот се соочува со најтешкиот период од својот живот по кршењето на ‘рбетот и вратот при скок со падобран.
Тој истакна дека одново учи да оди.
„Ви благодарам за сите ваши пораки. Извинете ако не одговорам, ама или спијам или не можам да го користам телефонот од болка. Ги скршив ‘рбетот и вратот, сега учам како да одам повторно, но ќе биде добро“, напиша 28-годишниот јутубер на својот инстаграм-профил.
Виталиј има над 10 милиони следбеници. А покрај него и се прослави и неговата девојка Кинси Волански кога лани среде натпревар на Лигата на шампионите истрча во костим за капење на кој беше испишано неговото име.