(Фото) Се породи принцезата Јуџин

Се породи внуката на британската кралица Елизабета, Јуџин. Таа и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк во понеделникот го добија првото бебе. Џек сподели црно-бела фотографија на „Инстаграм“ од синот. Засега кралската двојка го нема откриено името на бебето.

Меѓу првите кои им честиташе беше сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, а потоа и Меган Маркл и Хари.

 

Принцезата, која е деветта во редот за тронот, е ќерка на војвотката Сара Фергусон и принцот Ендру, кој е вмешан во скандалот поврзан со оргиите со малолетници и починатиот милијардер Џефри Епстајн.

Јуџин и Џек се венчаа на 12 октомври 2018 година, на церемонија во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор. Принцезата носеше венчаница од Питер Пилото со отворен грб кој ги откриваше лузните од операцијата поради сколиоза на 12 години. На венчавката присуствуваа бројни славни личности меѓу кои Деми Мур, Наоми Кембел и Роби Вилијамс.

 

Scroll to Top