Познатата актерка Селма Хаек сосема го промени изгледот и од црнокоса стана русокоса. Новиот изгледа наиде на воодушевување на присутните на британската Академија за филмска и телевизиска уметност.
Иако на црвениот тепих носеше скапоцена Гучи тоалета, креацијата на италијанската модна куќа беше сосема во друг план со оглед на тоа дека Селма привлече внимание со новата фризура.
Таа се појави со нова боб фризура, а најголемата трансформација е бојата на косата.