Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот на „Етерналс“, на режисерката Клои Жао, а на промоцијата се појавија голем број познати холивудски ѕвезди. Меѓу нив беа и Анџелина Џоли и Салма Хаек, кои глумат во овој филм.
Двете се појавија во друштво на своите деца. На црвениот тепих Џоли ја придружуваа 20-годишниот Медокс, 16-годишната Захара, 15-годишната Шајло и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Беа присутни сите, освен нејзиниот син Пакс.
Внимание привлече и Захара, која се појави во фустанот што Џоли го носеше на доделувањето на Оскарите во 2014 година.
„Моите деца носат мои стари парчиња облека“, рече Џоли.
Џоли беше облечена во фустан од брендот Balmain. Освен фустанот, најмногу внимание привлече необичниот накит на лицето на Џоли, пирс на долната уста
Селма Хаек стигна на црвениот тепих во придружба на нејзината 14 годишна ќерка Валентин. Глумицата облече црн фустан со прилично отворено деколте.
За потсетување, филмот „Етерналс“ ја открива приказната за бесмртната вонземјанска раса која во тајност живее на Земјата веќе илјада години. Секој од нив има различна моќ. Покрај Хаек и Џоли, во филмот уште глумат и Гема Чан, Ричард Маден и Кит Харингтон.
Филмот премиерно ќе се појави во кината на 5 ноември оваа година.