Шакира сподели ретка фотографија на својот профил на „Инстаграм“, каде што позира со синовите – осумгодишниот Милан и шестгодишниот Саша.
Пејачката позира со момчињата во воден парк, а фотографијата собра над два милиона лајка.
„Убава си“, „Колку само пораснале“, „Прекрасно семејство, тие се толку големи“, „Една е Шакира и еден е Пике“, „Големи момчиња“, се само некои од коментарите.
View this post on Instagram
Колумбиската пејачка сподели уште една фотографија на која го држи во раце својот помал син во базен.
„Милан навистина почнува да ужива во ова“, напишала таа.
View this post on Instagram
Патем, Шакира и Жерар Пике се запознале на снимањето на видеото за песната на Шакира, Waka Waka, која беше химна за Светското првенство во фудбал 2010 година. Двојката има два сина, но тие никогаш не се венчаа.
View this post on Instagram