(Фото) Шарлиз Терон не е веќе русокоса, го промени имиџот за новата улога

Една од најплатените актерки во Холивуд, Шарлиз Терон, целосно го промени имиџот за новата улога во филмот Old Guard 2. Таа русата коса по која беше препознатлива ја бојадиса во црна.

Актерката на црвениот тепих се појави во бела класична кошула, тексас панталони и црни салонки.

За потсетување, за нејзините досегашни улоги има добиено бројни признанија, а магазинот „Тајм“ ја смести меѓу 100 највлијателни луѓе во светот. Шарлиз често ја интригира јавноста со својот изглед, но и приватниот живот.

Таа е мајка на две посвоени деца, а тврди дека не може да си најде партнер, затоа што мажите се плашеле од неа. Девет години беше во врска со колегата Стјуарт Таунсенд, а кратко по нивниот развод, посвои дете.

Во 2013 година се заљуби во 15 години постариот актер Шон Пен, со кого година дена подоцна и се сврши, но никогаш не се венчаа. Прекинаа во 2015 година, а во меѓувреме таа посвои и ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Scroll to Top