(Фото) Синот на Дејвид Бекам си ги лакира ноктите

Најстариот син на славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, си ги лакира ноктите. Иако Дејвид се надеваше дека барем еден од тројцата синови ќе продолжи по неговите стапки и ќе стане фудбалер, сепак, тие тргнаа по стапките на Викторија и својата кариера ја градот во светот на модата, пишуваат британските медиуми.

Најстариот син на Бекам, Бруклин, одлучи да стане моден фотограф и сите негови мисли се насочени кон тоа. Светските модни магазини веќе го прогласија за модна икона од помладата генерација, а самиот Бруклин се обидува на сите начини да ги помести границите.

Тој од неодамна почна да ги лакира ноктите. И додека мажите ширум светот, кога е маникирот во прашање, главно бираат лакови со безбојна нијанса,  Бруклин отиде чекор понапред и ги лакира со црвена, срна, сина и зелена боја.

 

Scroll to Top