Синот на Мајкл Џордан, Маркус е во врска со бившата на Скоти Пипен, Ларса, пренесуваат светските медиуми. Тие споделија и неколку фотграфии од нив двајцата од Мајами, заедно со уште една двојка. Пренесоа и дека разликата од 17 години не им е проблем.
Ларса пред Скоти беше во врска со кошаркарите Тристан Томпсон и Малик Бизли. Маркус пак беше голема надеж во кошарката. Како талентиран средношколец со тимот оствари добри резултати, а потоа од Чикаго се пресели во Орландо каде одеше на колеџ.
Во тој период беше еден од 60 најталентирани бекови во САД, но откако се запиша на факултет почнаа проблемите. Прво договорот кој го имаше со Air Jordan Adidas пропадна, откако познатиот бренд ја раскина соработката со неговиот колеџ.
Потоа кошарката му стана неважна на Маркус и го напушти тимот на факултетот. Не се обиде ни да направи професионална кариера. Денес е сопственик на онлајн продавница која се занимава со трговија на патики.
Беше уапсен и поради нарушување на јавниор ред и мир и давање отпор за време на апсење. Во една прилика се пофали дека потрошил 120.000 долари во стриптиз клуб само за една вечер.
За потсетување, Мајкл Џордан и Скоти Пипен во деведесетите играа за Чикаго Булс и освоија шест титули.