(Фото) Синовите на Бритни Спирс не ѝ отидоа на свадбата затоа што се срамат од голите фотографии што ги објавува

Кевин Федерлајн бившиот на Бритни Спирс, во новиот документарец кој се снимаше кај него дома, рече дека на нивните деца им сметаат голите фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи. Во него зборуваа и Џејден и Престон кои сега имаат 15 и 16 години.

Среќни се за неа ѝ рекоа дека им недостига. Но, исто така се свесни дека поради нејзините психолошки проблеми морале да продолжат да живеат со татко им.

Во интервјуто ѝ посакаа среќа на Бритни и немаат проблем со тоа што се омажила за Сем Асгари, но, не сакале да присуствуваат на венчавката, заради голите фотографии.

„Немојте да ме разберете погрешно. Среќен сум за неа, но не беше време да одиме и ние. Се надевам дека еден ден ќе имаме можност сите заедно да седнеме и да разговараме“, рече Џејден.

По објавениот документарец се огласи и Бритни која им порача на синовите дека ги сака и им се извини за сѐ. Објасни дека фотографиите ги објавува затоа што има 40 години и има право на тоа.

Особено затоа што 15 години ѝ било забрането сѐ. Се осврна и на бившиот ѝ рече дека би било убаво да најде работа.

„Верувам дека е кул да се има татко кој секој ден ништо не работи“, рече Бритни, а потоа го критикуваше и син ѝ Џејден затоа што зборел за нејзиното ментално здравје.

„Драго дете, пред да зборуваш за мојата интелегенција, прво мора да прочиташ некоја книга“, рече Бритни.

За потсетување, Федерлајн беше еден од поранешните танчери во состанот на Бритни. Покрај Џејден и Престон таа има уште два сина од првиот брак и три од третиот. Живее во вила вредна 10 милиони долари и е на неколку километри од куќата на пејачката.

 

 

 

Scroll to Top