(Фото) Софија Вергара има ново момче? Тој е помлад 14 години

Познатата актерка Софија Вергара (53) беше видена во друштво на потенцијално ново момче, папараците ги фотографираа додека си заминуваа од концерт и изгледаа многу опуштено и интимно.

Ова може да биде нова сериозна врска за убавата Колумбијка по разводот од Џо Манганиело, со кого беше во брак седум години.

Софија беше во друштво на бизнисменот Даглас Чабат (39), како што објави „Њујорк пост“, а младиот претприемач претходно беше виден со Вергара за време на прославата на нејзиниот роденден на Сардинија.

Со оглед на тоа дека ова не е првпат да бидат видени заедно, шпекулациите за нова врска се сè посилни и посилни.

Патем, Чабат е доста познат во Холивуд, се дружи со Орландо Блум и Дакота Џонсон.

Софија Вергара еднаш проговори за тоа што очекува од љубовта сега, но и каков партнер бара, останува да се види дали сето тоа го пронашла во Даглас, кој е 14 години помлад од неа.

„Сакам основни работи, како здравје и некој што ме сака. И некој висок, згоден. Сакам некој што има пари колку мене или повеќе бидејќи во спротивно тоа е кошмар“, рече таа еднаш во емисијата „Тудеј“.

фото: принтскрин

Scroll to Top