Софија Вергара неодамна го прослави 45 роденден, а по тој повод го промовираше и својот нов изглед, со кој дефинитивно сите ги изненади!
Но знаете веќе како тоа иде кај жената – кога ни е досадно, кога сакаме во нашиот живот нешто да се случи, а со тоа следи и некога голема посебна прилика – ние ќе ја промените фризурата!
О, да Софија на својот Инстаграм профил ја промовираше својата нова фризура, а на нас баш ни се допадна како и стои!
Имено, убавата актерка овој пат одлучи да ги „освежи“ шишките на својата долга коса, а иако изгледа ненако сериозно, истовремено делува помладо и посвежо.
Инаку, ако се суди според фотките кои Софија Вергара ги објави, роденденската журка мина во навистина одлично друштво и пријатели, со сопругот Џоа Манџанело.