Сопругата на напаѓачот на ПСЖ, фудбалерот Мауро Икарди, Ванда Нара, добила милион долари оштета по поднесена тужба против „Гугл“ и „Јаху“.
Секогаш провокативната Ванда ги тужела „Гугл“ и „Јаху“ поради ширење лажни информации, дека таа се појавува во порнофилмови за возрасни. Судот пресудил во нејзина корист.
Ванда откако добила прашање од свој фан на социјалните мрежи, информацијава ја потврдила со објавување фотографија од пресудата и докажала дека го добила случајот.
Инаку, Ванда Икарди Нара редовно објавува свои сексапилни фотографии, но досега никогаш не направила нешто невкусно и вулгарно.
View this post on Instagram