(Фото) Свекрвата на Бијонсе се венчаше за жена на Менхетен

Свекрвата на Бијонсе, Глорија Картер се венчаше за жена. Мајката на американскиот рапер Џеј Зи, направи свадба со нејзината партнерка Роксан Вилшир. Венчавката се одржа минатиот викенд на Менхетен, а на истата беа голем број познати личности.

Меѓу гостите беа и поранешните членки на групата „Дестини Чајлд“ во која беше Бијонсе, Кели Роланд, Тајлер Пери, Робин Робертс. Беа и ќерката на Картерс, Блу Ајви (11), како и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, која дојде со телохранителите.

Бијонсе дојде во фустан со боја на праска и пердуви на рамениците.  Свадбата траеше до еден час по полноќ, а атмосферата беше на врвот до самиот крај. За потсетување, Џеј Зи отворено ја поддржува сексуалната ориентација во неговата песна Smilе уште во 2017 година.

Исто така, раперот јавно сподели дека е среќен што мајка му е повторно вљубена. Глорија со години криела додека одгледувала четири деца криела дека сака жени.

 

Scroll to Top