Актерката Ванеса Хаџинс го очекува своето второ дете со Кол Такер, а двојката веќе има 15-месечен син. Бидејќи Ванеса е доста активна на социјалните мрежи, секоја нејзина објава привлекува големо внимание.
Неодамна позираше во тесна облека и го покажа трудничкото стомаче, а сега објави нешто уште поинтересно. Позираше со својата најдобра пријателка во бикини, со оглед на тоа што и двете се бремени, фотографијата брзо собра безброј позитивни коментари додека идните мајки уживаа во зајдисонцето.
„Нема ништо поубаво од тоа да бидеш бремена во исто време со твојата најдобра пријателка“, напиша таа во описот.
Набрзо, следеа само позитивни коментари.
„Прекрасна“, „Благословена да си“, „Сјаеш“, „Толку многу љубов на само една фотографија“, беа некои од коментарите.
Ванеса Хаџинс претходно нагласи како мајчинството ја променило и дека тоа е најтешкото, но и најисполнетото поглавје во нејзиниот живот.
фото: принтскрин






