Том Круз пристигна во Јужна Кореја во градот Сеул на промоцијата на новиот филм „Топ Ган“. На аеродромот го пречекаа илјадници фанови, а тој ги поздрави и им покажа дека е во топ форма иако има 60 години.
Носеше сини панталони и тенка маица со кратки ракави на која му се познаваа бицепсите. За потсетување, глумецот на 3 јули ќе го прослави 60 роденден.
Тој прво планира да направи забава во Велика Британија во клубот Soho Farmhouse, а потоа и во САД каде ќе замине со приватен авион. Меѓу гостите се планира да бидат и поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам и принцот Вилијам.
„Тој има одлични односи со Вилијам, така што многу е веројатно да му дојде на роденденот. Ќе биде поканет, но тоа ќе зависи најмногу од обврските на кралското семејство“, откри извор близок до кралското семејство.