Славната манекенка и актерка Емили Ратајковски објави нови фотографии на кои е потполно гола истакнувајќи го трудничкиот стомак.
29-годишната Ратајковски набргу треба да се породи и првпат ќе стане мајка, а бременоста не ја спречи да објавува разголени фотографии.
„Понекогаш се чувствувам како Вини Пу во човечки облик, а понекогаш како божица на плодноста со сочен задник. Денеска се одлучив да се чувствувам како ова другото“, напиша Емили под фотографиите за кои доби повеќе од два милиона лајка.
View this post on Instagram
Емили бременоста ја откри прв пат во магазинот „Вог“ со фотосесија и колумна во која го кажа својот став за мајчинството.
Терминот за породување на Емили е средината на март, но таа засега не го открива полот на бебето.
Мегапопуларната манекенка и на почетокот на бременоста исто објави неколку свои фотографии на кои повторно беше гола.