(Фото) Уште еден ден и уште една жешка насловна за Деми Мур: „Велат дека на постарите жени не им треба долга коса“

Познатата актерка Деми Мур (62) позираше за списанието „Гламур“ откако ја прогласија за една од жените на годината.

Во таа пригода, таа нагласи како ќе се бори против десексуализацијата на постарите жени, а зборуваше и за својата улога во филмот „Супстанцата“, за кој доби Златен глобус.

„Откако ја избричив главата додека глумев во „G. I. Jane“, што беше многу моќно искуство на многу нивоа, едноставно почнав да ја оставам косата да ми расте. И тоа некако се совпадна со тоа што земав слободно време од работа за да бидам со моите деца. Мислам дека веројатно е затоа што сум и мрзелива и не сакам да седам на фризерската столица или да одам многу често на фризер.“

„Често слушаме дека како што жените стареат, не треба да имаат долга коса. Од некоја причина, тоа не ми се допадна. Не верував во тоа и не ми беше логично. Забележав, особено кај жените кои минуваат низ менопауза, дека сите тие некако си ја сечат косата, речиси како мажите, десексуализирајќи се себеси“, истакна Деми.

За гореспоменатото списание, актерката позираше во неколку модни изданија. Прво, носеше елегантен црн фустан со високо деколте, а имаше и необична виолетова креација.

Во текот на фотосесијата, Деми го покажа целиот луксузен и совршен изглед што го има дури и во седмата деценија.

фото: принтскрин

Scroll to Top