Познатата актерка Џенифер Анистон ужива во својот љубовен живот со Џим Кертис, а нејзините бројни изјави за медиумите во кои не го крие својот ентузијазам и заљубеност кога зборува за него, многу зборуваат за тоа колку и е убаво во врската.
Покрај приватниот живот, Џенифер интригира и со својот зачудувачки изглед на 56 години и секој ден покажува дека сè уште нема достојна конкуренција иако е во шестата деценија.
Новото снимање за списанието „ELLE“ донесе и нови фотографии од Џенифер Анистон, во доста провокативни изданија. Актерката прво позираше во едноделен костим за капење, а потоа ги истакна стомачните мускули во топ и долна облека.
Коментарите набрзо почнаа да се нижат за совршениот изглед на актерката која ја обожаваат милиони.
„Тие нозе, тоа тело. Оваа жена е чиста и целосна дефиниција за стареење како фино вино“, „Најубавата жена на светот“, „Кога мислевме дека не може да биде подобра, таа нè демантираше“, „Толку е убава, неверојатна“, беа некои од коментарите.
Сепак, овој изглед не ѝ падна од небо, па Џенифер често нагласуваше колку тренира, оди на пилатес, трча, а вежбите за сила ѝ се омилени.
фото: принтскрин






