(Фото/Видео) Вчера носеше танга бикини, а денес шик одело: На оваа жена сè ѝ стои

Ева Лонгорија веќе некое време го привлекува вниманието на љубопитниот свет. Не толку одамна, имавме можност да ја видиме во танга бикини кое брзо стана главна тема на мрежите.

Сега ја гледаме во сосема поинакво издание, или поточно, деловен стил. Како што објавуваат странските медиуми, Ева имала закажано снимање на „The Today Show“ во Њујорк, и во согласност со таа покана, таа избра облека која зрачи со чиста елеганција, но и мала доза на сексапил.

Станува збор за комплет – широки панталони во боја на слонова коска кои ги искомбинира со струкирано сако. Под него, се гледало атрактивно парче облека, имено корсет кој му даде на целиот деловен стил доза на сексапил.

Изгледот го надополни со брановидна фризура и шминка во земјени тонови кои ги истакнувале нејзините природни црти на лицето.

Scroll to Top