Ѕвездата на серијата „Пријатели“ , Метју Пери (54)во саботата е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а светските медиуми ја пренесуваат последната фотографија што Пери ја објави на својот инстаграм-профил.
Фотографијата на која е џакузи во својата куќа со слушалки на главата, Пери ја објави на 23 октомври на Инстаграм.
„Ох, толку топла вода што се врти наоколу прави да се чувствуваш добро? Јас сум Метмен“, ја напишал Пери .
Пет дена по овие објави, Пери е пронајден мртов во неговиот дом. Се претпоставува дека тој починал како последица на случајно давење во неговото џакузи.
Извори од американските медиуми наведуваат дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, а не постои сомнеж за насилна смрт.
Пери бил на рехабилитација најмалку15 пати, а во последните години имал дури 14 операции.
Тој зборуваше за своите демони во мемоарите „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во 2022 година.