(Фото) Во страсна љубов на јахта, Џеј Ло и Бен Афлек го слават роденденот на холивудската ѕвезда

Латино ѕвездата Џенифер Лопез вчера го прослави својот 52. роденден. Таа моментално е на Сен Тропе со актерот Бен Афлек, со кој ја обнови врската по 17 години.

Џеј-Ло ја сподели нивната прва заедничка фотографија и со тоа официјално потврди дека се во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Покрај серијата фотографии која таа ги објави, парот скришно беше фотографиран додека споделуваше интимни моменти на јахтата.

Тие досега не објавуваа никакви информации за статусот на нивната врска, иако честопати беа фотографирани заедно.

Џеј-Ло претходно беше верена со Алекс Родригез со кого раскина после четиригодишна врска. Тие нагласија дека ќе продолжат да соработуваат и ќе се поддржуваат еден со друг како пријатели.

Scroll to Top