(Фото) Ѕвездата од „Малколм во средина“ стана татко

Ѕвездата од хумористичната серија „Малколм во средина“ Френки Муниз стана татко. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од бебето и напиша дека е среќен татко.

„Многу го сакам моето бебе, а сопругата ја сакам повеќе од кога било претходно“, напиша Муниз.

Со сопругата Пејџ се свршија во 2018 година, а се венчаа лани по четиригодишна врска. Засега и двајцата не сакаат да го откријат името на бебето.

„Кога дознавме дека сум бремена не можев да поверувам. Знаевме дека тоа го сакаме, но ни рекоа дека шансите да добиеме бебе не ни се најповолни. Со секое одење на доктор, сè помалку и помалку се чувствував како жена“, изјавила Пејч во интервјуто минатата година.

 

Scroll to Top