Франческо Тоти потврди дека се разведува: Не успеавме да ја надминеме кризата во бракот

Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти (45) и водителката Илари Бласи (41) потврдија за италијанските медиуми дека се разведуваат по 17 години брак. Фудбалерот рече дека и покрај тоа што се обиделе да ја надминат разликите, не успеале да ја надминат кризата.

„По 20 заеднички години и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо е готов. Процесот на развод ќе остане наша приватна работа и нема да даваме други изјави во врска со тоа. Ги повикувам сите да се воздржат од претпоставки и пред сè да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, рече Бласи за порталот Ansa.

„Се обидов да ја надминам кризата во нашиот брак, но сега разбирам дека одлуката да се раздвоиме и покрај тоа што е болна, беше неизбежна. Сè што реков и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на врвот на листата на нашите приоритети во мојот живот“, рече Тоти и додаде дека поради децата ќе останат блиски.

Шпекулациите за проблемите во нивниот брак кружеа во последните неколку месеци, а на почетокот на февруари годинава тие демантираа дека се разведуваат и тврдеа дека се тоа лажни вести.

„Во последните неколку часа прочитав толку работи за себе, особено за моето семејство. Не е првпат да слушнам лажни вести. Им се обраќам на сите вас кои го пишувате ова да бидете внимателни затоа што се во прашање и моите деца, а тие треба да се почитуваат. Искрено сум изморен од негирање лажни вести“, рече тогаш Тоти, кого го поврзуваа со Ноеми Бочи.

Двојката наводно била видена во ресторан во Торино, а тамошните медиуми одма се распрашаа како Тоти ја изневерил Илари со неа. Истовремено се шпекулираше дека Бласи е во врска со глумецот Лука Маринели, добитник на наградата Давид ди Донатело.

За потсетување, Франческо и Илари беа заедно 20 години. Се венчаа во Рим во 2005 година, а денес имаат три деца, синот Кристиано и ќерките Шанел и Изабел.

Scroll to Top