Британската пејачка Адел во моментот го реновира новиот дом во Лос Анџелес, кој го купила од холувидскиот глумец Силвестер Сталоне. Новата вила во Беверли Хилс ја купила за 58 милиони долари, но му побарала посебен услов да ја остави статуата на Роки Балбоа покрај базенот.
Барањето на Адел го откри Сталоне за „Волстрит журнал“, кога рече дека сакал да си ја задржи статуата, но ако ја земал со себе целиот договор ќе пропаднел.
„Тогаш ми рече дека нема договор ако ја однесам статуата. Дека тоа ќе расипе сѐ. Таа ја сакаше статуата“, рече Сталоне.
Адел наводно целосно го реновирала својот нов дом, а статуата е единственото нешто што останало непроменето на имотот. На крај Сталоне рече дека не му пречи што пејачката го реконструира замокот.
„Таа го прави тоа што го сака и тоа е нешто за почит и е навистина прекрасно“, рекол Сталоне.
Вилата има два ката, осум спални соби и 12 бањи. Ја дизајнирал архитектот Ричард Ландри. Опремена е со луксузен дизајнерски мебел, а во дворот има и голем базен. Внатре во куќата има кино, спа центар, уметничко студио, сауна, парна соба и канцеларија.