Викторија и Дејвид Бекам летуваат во Хрватска со своите деца, познатата двојка престојува во луксузниот комплекс Лопуд 1483 во Лопуд, пренесуваат хрватските медиуми.
Таму го прославија и 11-от роденден на својата ќерка Харпер, а на Инстаграм објавија фотографија од прославата. Дубровничкиот весник пишува дека пред комплексот Лопуд 1483 има чувар. Тоа е поранешен францускански манастир што го обновила грофицата Франческа фон Хабсбург и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.
Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Познатиот пар неодамна посети ресторан на островот Шипан.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram