(Галерија) Бритни и Сем објавија први слики од свадбата: Дијамантски прстени, раскошна венчаница и холивудски ѕвезди на интимната венчавка

Поп-ѕвезадата Бритни Спирс (40) и нејзиниот сопруг, фитнес тренерот Сем Асгари (28) објавија први слики од свадбата, што се одржа синоќа во куќата на пејачката во Лос Анџелес.

Бритни носеше раскошна венчаница со долг вел, креација на нејзината пријателка Донатела Версаче. За свадбата избра и два дијамантски прстени, а Сем се одлучи за прстен од платина. Тој носеше елегантен црн костум.

Во текот на вечерта, невестата се преоблече два пати, па избра црвен краток фустан, а во еден момент беше боса и облечена само во палтото од костумот на нејзиниот маж.

Меѓу гостите, освен Донатела Версаче, беа и Мадона, Дру Баримор, Парис Хилтон и Селена Гомез. На свадбата не беа поканети родителите ан Бритни и нејзината сестра Џејми Лин, а не дојдоа ни двата сина што ги има од бракот со танчерот Кевин Федерлајн.

Пред венчавката, во куќата на Бритни беше приведен нејзиниот прв маж, Џејсон Александар, кој се обидел непоканет да упадне на свадбата за да ја уништи.

Сем и Бритни се свршија во септември по пет години врска. Тие пред неколку месеци открија дека чекаат бебе, но брзо потоа кажаа дека пејачката имала спонтан абортус и го загубила бебето.

 

Scroll to Top