Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е во Венеција со ќерката Харпер. Тој деновиве споделува слики од нивниот одмор, па откри дека ја водел да се возат со гондола, на глисер, ама и на сладолед во 9 наутро.
„Шшшшш, не ѝ кажувајте на мама дека во 9 часот наутро јадам сладолед. Создаваме незаборавни спомени заедно“, напиша Бекам на едно од видеата што ги објави и призна дека ги прекршил правилата на Викторија, која има посебен начин на исхрана за ќерката.
Фановите, пак, му оставија коментари дека ја разгалува, но и дека тоа не ги чуди, зашто освен трите синови има само една ќерка.
Дејвид и Харпер потоа беа заедно и на настан во театарот Ла Фениче. Фудбалерот беше дотеран во костум, а Харпер носеше фустан во боите на виножито и патики
.