Поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез (49) со партнерот Алекс Родригез и децата ужива во новиот луксузен дом од 15 милиони долари, лоциран во највисоката зграда со апартмани во Њујорк.
Домот ги има сите луксузи за уживање, вклучувајќи и вежбалница, кино, спа, игрална, бизнис-соба, базен, приватен лифт и гаража, но најубав е погледот од речиси сите соби кон панорамата на Њујорк. Претходниот дом Лопез го огласи за продажба за 27 милиони долари.