(Галерија) Доктор Фил ја продава вилата во Лос Анџелес за 6 милиони долари

Телевизиската ѕвезда Фил Мекгро, познат како доктор Фил, ја продава вилата во Лос Анџелес за цена од 5,75 милиони долари. Фотографиите од луксузниот дом за кратко време станаа хит на интернет.

Доктор Фил имотот го купил во 2007 година, но во моментов тој вилата им ја отстапил на членови од неговото поблиско семејство. Вилата има 573 квадрати, а најмногу внимание предизвика просторијата во која има ѕид со оружје. Вилата има пет спални соби и шест купатила. Има вински подрум, домашно кино, соба за билјард и бар.

Вилата е осветлена со неонски светилки и има висечки столици. Преполна е со уметнички детали, а неизоставен предмет се фигурите со препарирани животни околу каминот. Странските медиуми ја нарекле куќата бизарна, особено поради застрашувачките скали.

„Јас не би можел да спијам во оваа куќа, затоа што ќе имам ноќен кошмар“, се шегуваат некои од твитерџиите.

 

Scroll to Top