(Галерија) Ен Хатавеј и Ана Винтур ја повторија сцена од „Ѓаволот носи Прада“ на Модната недела во Њујорк

 

Актерката Ен Хатавеј и Ана Винтур рекреираа сцена од „Ѓаволот носи Прада“ на ревијата на Мајкл Корс на Модната недела во Њујорк, додека седеа заедно на ревијата.

39-годишната актерка од „Дневниците на принцезата“ ја играше Енди Сакс, новинарка кој завршува како асистент на Миранда Пристли, главниот уредник на едно модно списание, во филмот „Ѓаволот носи Прада“ во 2006 година.

Приказната наводно е инспирирана од 72-годишната уредничка на „Вог“. Ен беше облечена во кафена кожена јакна, додека Ана Винтур носеше шарен долг фустан и совршено се совпаѓаше со една од сцените во филмот.

Ен и Ана беа во првите редови на шоуто. Тие се фотографираа и со Серена Вилијамс и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Актерката последен пат беше забележана на Отвореното првенство на САД во 2022 година.

Scroll to Top