(Галерија) Кортни и Травис објавија црно-бели фотографии од венчавката

Кортни Кардашијан и Тревис Бакер споделија црно-бели фотографии од нивната свадба. Тие се венчаа минатата недела, а на прославата им беа нивни блиски пријатели и семејството.

„Додека смртта не нè раздели“, објавија двајцата на „Инстаграм“.

Кортни на венчавката носеше кратка венчаница со вел на главата, додека Тревис беше во црн костум. Со нив беа и нивните деца Ландон, Алабама, Масон, Пенелопе и Рејн. За кратко време двојката доби над 3 милиони лајкови, а многу од фановите им честитаа.

За потсетување, двојката наскоро планира да направи и голема венчавка во Италија.

Scroll to Top