(Галерија) На годишницата од брак, Рита Ора и Таика Ваитити ги објавија свадбените фотографии од интимната венчавка

Пејачката Рита Ора и нејзиниот сопруг режисерот Таика Ваитити, објавија први фотографии од нивната венчавка, а екслузивното право за денот на годишницата да бидат објавени фотографиите ги имал магазинот „Вог“.

„Среќна годишница Рита Ора и Таика Ваитити. Во текот на изминатата година, информациите за нивната венчавка се проширија како шумски пожар низ Интернет – но не се сите точни. Всушност ни беше доста забавно да ги гледаме различните приказни што луѓето ги измислуваат цело време за да го задржиме тоа за себе. И, ми се допаѓа што сега можеме да го споделиме она што навистина се случи – и да го направиме тоа на нашата годишнина од една година“, изјавила пејачката.

„Рита ме запроси, а јас веднаш реков „да““, изјавил режисерот Таика Ваитити за тоа како тој и кантавторката се свршија.

Додека парот првпат се сретна на скара во 2018 година што Таика ја приреди во неговата куќа во Л.А., дури во 2021 година, кога и двајцата снимаа во Австралија, тие почнаа да се забавуваат.

Рита го побарала за сопруг режисерот додека биле на одмор во Палм Спрингс во летото 2022 година, а тие планирале венчавката да се одржи во Лос Анџелес неколку недели подоцна, на 4 август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Не беше во Лондон или во Франција како што сите објавија. Беше во Лос Анџелес со мала група пријатели “, појаснил Таика.

Парот направил интимна церемонија во Лос Анџелес, а „Вог’ ги пренесе деталите од свадбениот албум на пејачката и режисерот.



Scroll to Top