Ѕвездата од „Еуфорија“, Зендаја (25) блесна на премиерата на новиот филм за Спајдермен. Друштво ѝ правеше нејзиното момче Том Хoланд, кој го игра Спајдермен. Двајцата беа уловени како се бакнуваат годинава, по што мораа да признаат дека се во романтична врска.
Зендаја на премиерата носеше фустан до длабок рез на левата нога и деколте со примероци од пајакова мрежа, додека Холанд дојде во елегантно кафено-чоколадно одело.
На Зендаја фустанот ѝ беше без грб со тенки црни раменици и украсен со светлечки црни бисери кои потсетуваа на пајакова мрежа. Таа носеше потпетици од Christian Louboutin и маска за очи и тантела која е обликувана да потсетува на гламурозниот црн пајак.
Целиот изглед е дело на нејзиниот стилист Ло Роуч, кој го дизајнираше и костумот на Холанд за премиерата. Холанд рече дека е пресреќен што ја има Зендаја покрај себе.
„Мислам дека штотутку се појави Зендаја“, им рече тој на новинарите додека даваше изјава.
Двајцата ќе ги глумат Питер Паркер и М Џеј во новиот Спајдермен. Тие беа уловени како се бакнуваат годинава по што признаа дека се во романтична врска. No Way Home требаше да биде на големиот екран по премиерата на Doctor Strangea In The Multiverse of Madness, но, кога продукцијата на тој филм беше одложена поради ковидот, тие одлучија да го снимаат Спајдермен.