(Галерија) По две години Хари и Меган првпат заедно со членовите на кралското семејство

Меган Маркл и принцот Хари му се придружија на кралското семејство во прославата на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета. Војводата и војвотката од Сасекс присуствуваа на националната служба за благодарност во чест на кралицата во катедралата Св.Павле.

Хари и Меган првпат јавно се обединија со постарите членови на кралското семејство од Денот на Комонвелтот во март 2020 година, што беше последното кралско појавување на војвотката и војводата од Сасекс. По нивното пристигнување, Меган и Хари се држеа за рака додека беа придружувани до нивните седишта во вториот ред со принцезите Беатрис и Евгенија и нивните сопрузи. Тие седеа зад принцот Едвард и Софи, грофицата од Весекс. Нивните седишта беа спроти принцот Чарлс, Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои седеа во првиот ред.

Меган  носеше бел мантил со специфична јака и соодветна шапка со широк обод, а Хари носеше палто со неговите воени медали.

Војводата и војвотката од Сасекс, кои сега живеат во Монтесито, Калифорнија, пристигнаа во Велика Британија во средата со нивните две деца – Арчи (3) и Лили, која во саботата наполни 1 година.

 

 




		
		
			
Scroll to Top