Фудбалерот на ПСЖ, Серхио Рамос, со сопругата Пилар Рубио на една од забавите за Ноќта на вештерките се маскираа во кловнови. Фановите коментираат дека едвај ги препознале. Рамос се облече како протагонист од филмот „ИТ“, додека Пилар имаше костим од кловн на себе.
„Заљубени страшни кловнови“, напиша манекенката.
Фановите и одговорија дека да не била таа, немале да го препознаат Рамос од маската. Рамос во саботата играше 90 минути против Троја, а се маскираше ден потоа.
За потсетување, Пилар пред неколку дена гостуваше во една емисија во која откри детали од љубовниот живот со Рамос.
„Имаме секс секој ден, освен кога јас патувам во Мадрид. Децата ги легнуваме во 21:30. Сексот ни е живот. Денес, на пример не можеме да имаме поради интервјуто“, му рече Пилар на водителот. Манекенката е осум години постара од Рамос, а дека сака секс неодамна потврди и кога призна дека размислува да проба да има односи и со жена.
„Никогаш не сум имала хомосексуална врска, но тоа е нешто за што размислувам. Во моментов сакам мажи, но исто така сакам да експериментирам и да пробам нови работи“, рече Пилар.