Гледав како исчезнуваат сите мои пари и кариера, Вил Смит во шоу на „Нетфликс“ се потсети на тешкиот период од животот

By

Оскаровецот Вил Смит, во шоуто на „Нетфликс“, My Next Guest Needs No Introduction, кој беше снимено пред доделувањето на Оскарите, зборуваше за најтешкиот период во животот.

dobivaj vesti na viber

Тој на водителот Дејвид Летерман му раскажа за проблемите кои ги имал со дрогата во времето кога бил на врвот од неговата кариера, кога го снимил филмот „Јас сум легенда“, а објасни и како успеал да се извлече од тој пекол. Филмот уште првиот викенд заработи 77 милиони долари.

„Во тој момент почнав да сваќам дека тоа е суптилна болест. Кога ќе се насочиш на материјалниот успех, ништо потоа не ти е доволно. Не разговарав со никого речиси 14 дена. Тоа ми помогна да сватам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот кога се работеше за материјално богатство. Мислев дека во природата на човекот е да свати дека материјалниот свет е недоволен за да ја одржи среќата“, рече Смит.

Глумецот објасни дека бил мотивиран да ја земе халуциогената дрога ајахуаска, поради сознанието дека ништо друго не можело да го направи среќен.

Рече дека откако ја земал почнал со ново духовно патување. Смит рече дека кога еднаш ќе ја земеш оваа дрога, себе си се гледаш на начини на кои до тој момент никогаш не можел да ги види.

„Оддеднаш почнав да гледам слика во која сите мои пари исчезнуваат и мојата куќа исчезна, а ја немаше ни мојата кариера. Јас се обидувам да ги дофатам парите и кариерата, но, целиот мој живот пропадна“, рече Смит.

„Тогаш го слушнав гласот на мојата ќерка како ми зборува и како вика по мене дека тоа е лош живот. ‘Тато помогни ми. Зошто не сакаш да ми помогнеш?’, а јас и одговорив дека не можам да ја видам“, рече Смит, кој додаде дека во тие моменти престанал да се грижи за куќата и кариерата.

Ќе ви се допадне

go88 hỗ trợ ngân hàng nào

tool tài xỉu sunwin cho android sunwin energy systems gmbh sunwin nạp tối thiểu bao nhiêu