Глсањето за најдобар регионален изведувач на Ем-ти-ви е до 6 ноември

Доделувањето на Ем-ти-ви ЕМА наградите ќе се одржи на 12 ноември, во лондонската ССЕ Арена, a настанот ќе го води Рита Ора.

Гласањето за наградата „Бест Ем-ти-ви адриа акт“, односно за најдобар регионален изведувач, ќе трае до понеделник, 6 ноември, до 23:59 часот, додека, пак, за сите други категории гласањето завршува идната сабота, 11 ноември, на полноќ.

Номинирани за наградата се Сара Јо, бендовитe „Ничим изазван“ и „Коала Воице“, Марин Јуриќ Чивро и Нина Краљиќ. Името на победникот ќе биде објавено во вторник.

Гласањето се одвива на интернет-страницата www.mtvema.com .

 

Scroll to Top