Глумецот Езра Милер е обвинет дека провалил во семејната куќа во Вермнот, каде и самиот има имот. Во полицискиот извештај пишува дека полицијата добила дојава за можна провала во градот Вермонт на 1 мај годинава.
Семејството кое го пријавила инцидентот навело дека од куќата биле украдени неколку шишиња алкохол, додека никој немало дома. Полицијата земала изјави и ги прегледала снимките од безбедносните камери, по што го обвиниле глумецот.
Полицијата го пронашла пред три дена на 7 август и му врачила покана за судско сослушување кое ќе се одржи следниот месец. Светските медиуми наведуваат дека засега не е јасно дали Милер ги познава лично луѓето во чија куќа провалил.
Познато е дека Милер и претходно бил поврзан со вакви слични инциденти. Во јуни годинава списанието Rolling Stone ја пренесе изјавата на човек кој тврдел дека Милер ја однел сопругата и нивните деца на неговито имот, кој наводно бил преполн со оружје и марихуана.
Жената пак тврдела дека Милер ги спасил од нејзиниот насилен поранешен партнер.
„Имотот на Милер за нас е лековито засолниште. Можеби има огнено оружје, но истото му е за самоодбрана. Сместено е во делот од куќата каде децата никогаш не одат. Моите деца можат да бидат сега безбедни поради Милер“, рече неговата сопруга.
Глумецот во повеќе наврати бил уапсен и на Хаваи за напад и нарушување на јавниот ред и мир. Проблематичниот глумец кој е познат по улогата на „Флеш“ во филмот „Лига на правдата“ фрлил столица врз 26 годишна девојка, која завршила со исекотини на главата.
Пред неколку месеци родителите на една 18 годишна девојка исто така го обвиниле дека психички манипулирал со ќерка им и дека ја злоставувал, нешто што таа подоцна го неграла.