Глумецот Јоан Грифид вели дека едвај врзува крај со крај, бившата не ми дава да ја продадам куќата, па девојка ми мора да ме финансира

Велшкиот глумец Јоан Грифид рече дека е во тешки финансиски проблеми откако влезе во бракоразводна парница со бившата сопруга Алис Еванс. Го молел судот да му дозволи да ја продаде куќата за да има од што да живее, пренесе „Дејли Мејл“.

Грифид познат по улогите во „Титаник“, „Фантастична четворка“ и уште неколку други холивудски блокбастери, тврди дека едвај врзува крај со крај. Тврди дека Еванс живее бесплатно во нивната куќа откако се разделија во јануари 2021 година. Од тогаш трошоците за куќата се 15,271 долар, плус трошоците за струја, од 4616 долари и 11,793 долари неплатен данок.

Грифит бара судијата да му дозволи да ја продаде куќата пред да отиде истата на аукција, затоа што ни тој ни бившата сопруга не можат да ги платат трошоците.

„Алис и јас не можеме да си дозволиме да ја задржиме куќата, а таа не сака да ја продадеме“, пишува во документите до кои дошле новинарите од „Дејли Мејл“.

Велшанецот имал многу лоша година и добил само една улога. Тврди дека толку е сиромашен што мора да го издржува новата девојка Бјанка Волас, заради која ја напушти сопругата.

„Живеме во изнајмен стан кој месечно не чини 3400 долари. Бјанка ги плаќа поголемиот дел од трошоците за живот, како и целата станарина и тоа уште од септември затоа што сум во незавидна финансиска состојба“, рече Грифид.

„И објаснив на Алис во каква состојба сум и неколку пати ја замолив откако се разделивме финансиски да помогне и да се согласи да ја продадеме куќата. Но, не се согласи на моите барања и предлози за спогодба. Верувам дека е способна краткорочно да допринесе кога се во прашање трошоците. Но, според информациите кои ги имам, долгорочно не може да си дозволи да ги плати трошоците“, додаде глумецот.

Хипотеката која Грифид ја има на куќата е 745.000 долари, а во неа не живее речиси две години.

За потсетување, глумецот поднесе барање за развод во март минатата година, неколку недели откако Еванс на социјалните мрежи објави дека сопругот со кого била 14 години, ја напуштил неа и нивните две ќерки Ели и Елис. Грифид во една прилика рече дека Еванс го малтретирала со пораки, поради што побарал и да и се забрани да му се приближи.

„Се закануваше дека ќе ми го направи она што Амбер Херд му го направи на Џони Деп и дека ќе им кажува на луѓето дека сум ги злоставувал нашите ќерки и неа и дека ќе повика полиција ако не и удоволам на барањата. Се закани дека ќе ме прикаже како наркоман и ќе ме смести во затвор, дека ќе напише лажен дневник дека е жртва на злоставување и ќе го објави. Дури рече и дека ќе ја уништи мајка ми. Ми говореше дека ќе победи и дека сите ќе ѝ поверуваат неа, а не на мене“, рече глумецот.

За потсетување, Јоан и Алис се запознаа во 2000 година, за време на снимањето на филмот „102 Далматинци“, а се венчаа седум години подоцна.

 

Scroll to Top