Актерот Стив Бартон ја остави бремената сопруга: Дознав дека бебето не е мое

Американскиот актер Стив Бартон ја остави бремената сопруга откако дознал дека бебето што го чека не е негово. Стив неодамна дознал за неверството на сопругата Шери, со која е 23 години во брак. Toj преку Инстаграм објави детали за нивното раскинување.

„Сакам да разјаснам нешто. Шери и јас раскинавме. Таа е бремена со четврто дете, кое не е мое. Но, ќе продолжиме заедно да се грижиме за нашите три прекрасни деца“, напишал Стив и побарал од јавноста и медиумите да им дадат малку приватност. Парот има две ќерки Макена и Бруклин, и синот Џек.

Бартон се прослави со улогата на Стив во сапунската опера „Општа болница“. Тој од 1991 година до 2021 година го глумеше ликот на Џејсон Морган, но беше отпуштен од серијата бидејќи одбил да се вакцинира против корона.

„За жал, добив отказ поради мојот однос кон вакцинацијата. Знаете, боли. Ова за мене е лична слобода и мислам дека никој не треба да ги загуби основните средства за егзистенција поради ова”, изјави актерот во тоа време за „Пејџ сикс“.

Scroll to Top