Говорот на телото ја издава Меланија што навистина мисли за Иванка Трамп

By

Откако станаа прва дама и прва ќерка ан Америка, Меланија и Иванка Трамп ја интригираат јавноста, секоја одделно, но и со своите приватни односи. Бидејќи Меланија на Иванка и е маќеа, Американците сметаат дека двете не се поднесуваат, и имаат општо лоши односи. Експертите за говор на тело одлучија да анализираат неколку нивни фотографии.

Џуди Џејмс вели дека на инаугурацијата, Меланија и Иванка сакале да остават дојам дека многу добро се соглсуваат, дури и кога е модата во прашање, бидејќи носат слична комбинација. Сепак положбата на телото додека стојат една до друга издава дека нивната комуникација и не е бајковита.

„Блокирањето една со друга во положбите на рацете е очигледно. Верувам дека Доналд Трамп често ја запостава Меланија поради ќерката и дека тоа на првата дама и смета многу“, вели Џејмс.

На оваа фотографија, вели Џејмс, и двете разговараат и се гледа широката насмевка на Иванка Трамп која стана нејзин заштитен знак.

„Таа има таков став, дружељубива и дава впечатокот дека секогаш е пријателски расположена. Но, кога ќе погледнете во образот на нејзините очила, ќе видите дека насмевката на Меланија е многу воздржана. Таа општо е ладна во јавноста, за разлика од Иванка“, додаде експертот за говор на тело.

 

„На оваа фотка двете седат една до друга. Со телата благо се свртени една кон друга, како и со нозете и рацете, но изразите на нивните лица ги издаваат и двете дека не живеат во бајковити односи“, вели Џуди Џејмс и напоменува дека експертите како него не можат да ја решат мистеријата на меѓучовечките односи во семејството Трамп.

 

Ќе ви се допадне