„Гучи“ ќе ги штити животните

Луксузниот италијански бренд „Гучи“ повеќе нема да користи вистинско крзно од животни во своите колекции. Брендот ќе почне со ова со колекцијата пролет-лето 2018. Неодамна „Гучи“ стана член на „Fur Free Alliancea“ (Коалиција на 40 организации за заштита на животни) која се фокусира на спречување суровост кон животните. Сите досегашни модели кои можат да се купат на онлајн на брендот со животинско крзно ќе бидат продадени на аукција, а заработката ќе биде донирана на Коалицијата.

Со овој потег Гучи ќе се придружи на другите луксузни модни брендови кои кажаа не на крзното: Армани, Ралф Лорен, Томи Хилфигер, Хуго Бос и Стела Мекартни.

Scroll to Top