Хајди Клум (50) и нејзината ќерка Лени (19) позираа за новогодишната кампања на италијанскиот бренд за долна облека. Во продавниците ширум светот оваа недела се појавија фотографии од германскиот супермодел и нејзината наследничка.
Хајди Клум и ќерката Лени направија сет фотографии во црвено-црна долна облека. Фигурата на манекенката и супермоделот е доказ дека годините на физичка активност и грижа се исплателе, а нејзината наследнича оди по нејзините стапки.
„Кога имав 12-13 години ја молев да ме пушти да се занимавам со манекенство. Секогаш велеше дека сум премлада, упорно одбиваше. И на крајот, кога наполнив 16 години, се согласи да ми даде дозвола“, рекла Лени.
Добила и многу совети од нејзината мајка, еден од нив е дека треба да се забавува и дека може да биде модел само ако е подготвена да ја потроши целата своја енергија на тоа. Вели дека двете се сосема различни, особено кога станува збор за модниот вкус.
Биолошкиот татко на Лена е италијанскиот мултимилионер Флавио Бријаторе, но пејачот Сил е всушност нејзиниот вистински татко, што Лена често го кажува и самата. Нејзината мајка има уште три деца заедно со познатиот пејач, а парот се развел во 2014 година, по што Хајди се омажи за Германецот Том Каулиц.