Хакери го пробиле Инстаграм профилот на Ариана Гранде

Профилот на пејачката Ариана Гранде во “Инстаграм” беше пренатрупан со навредливи пораки и слики синоќа, откако беше пробиен од страна на мистериозни сајбер натрапници.Некои од функциите вклучуваа тагови кон изведувачката и пријателка на Ариана Ники Минаж, како и некои модели.

Минаж одговори на некои од нападите, свесни дека се дело на хакери. Тие сепак ѝ се заканија дека може да е следната нивна “жртва”.

Во моментов профилот на поп-пејачката работи нормално, а сите навредливи пораки се отстранети.

Scroll to Top