Актерката Хали Бери (56) ги изненади своите обожаватели со фотографија на Инстаграм. Бери позирала гола на балконот пиејќи вино.
„Го правам тоа што сакам да го правам. Среќна сабота“, напишала актерката.
„Изгледа како корица на романтичен роман, оној во кој жената се заљубила во себе со целото свое срце“, напишал нејзин фан на фотографијата.
Да потсетиме, минатата година Бери го сними филмот „The Union“ во Канфанар во Истра.
„Што се однесува до актерите, секако ни е драго што во нашето гратче снимаше филмска дива како Хали Бери. Сето тоа беше организирано како да дошол самиот другар Тито“, рекол тогаш началникот Јурман.
View this post on Instagram