Актерката Хали Бери (57) официјално се разведе од сопругот Оливие Мартинез (57), откако последните осум години не можеа да се спогодат за старателство на суд.
Поранешните сопружници решија да се разделат во 2015 година, но разводот се одолговлекуваше со години бидејќи не можеа да се договорат за старателството. Според „Пејџ сикс“, според нивната спогодба, Хали мора да плати голема сума пари за издршка. Таа ќе треба да дава осум илјади долари месечно за да го издржува синот Мејс (9).
Исто така, славната актерка мора да му даде на поранешниот сопруг 4,3 отсто од заработката, во случај да добие повеќе од 2 милиони долари, што ќе се смета за дополнителни трошоци за издржување на нивниот син. Бери ќе плати и за приватно образование на неговиот син, училишна униформа и училишен прибор. Тие, исто така, се согласија да платат за сите воннаставни активности на Мејс и да го платат неговото здравствено осигурување, како и сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.
Покрај трошоците за нивниот син, актерката ќе ги плати и адвокатските трошоци за својот поранешен. Сепак, тие ќе се грижат за својот син подеднакво, а двајцата ќе можат да го гледаат по половина недела, или од понеделник до среда или од среда до петок. Тие ќе се менуваат за време на викендите.
Хали и Оливие ја споделија веста за нивниот развод преку официјално соопштение, само две години по нивната венчавка во јули 2013 година.
– Со тешко срце решивме да се разведеме. Продолжуваме да се сакаме и почитуваме и да се фокусираме на она што е најдобро за нашиот син. Сакаме само среќа во животот – напишаа тогаш.
Пред Оливие, Хали беше во брак двапати. Нејзиниот прв брак беше со Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година, а вториот со пејачот Ерик Бенет од 2001 до 2005 година. Актерката има дете и со поранешното момче Габриел Обри.