Хари и Меган ја крстија ќерката, кум им беше холивудскиот милијардер Тајлер Пери

Меган Маркл и принцот Хари ја крстија ќерката, едногодишната принцеза Лилибет Диана. Семејството направи интимна церемонија во Калифорнија, а кум им беше еден од најбогатите глумци на светот Тајлер Пери, пренесе „Пипл“. Пери дојде со приватен авион и со цел музички хор.

Кралската двојка имаат добри односи со Пери. Пред да ја купат куќата, тие живееја некое време кај него. Интересно со истиот авион со кој Пери стигна на крштевката, Хари и Меган побегнаа од Велика Британија и дојдоа во САД каде почнаа нов живот во Лос Анџелес.

На крштевката беа поканети и членови од кралското семејство, но никој од нив не дојде. Принцот во едно интервју рече дека би сакал неговите деца да имаат добар однос со неговото семејство, но, исто така сака и семејство, а не институција.

 

 

Scroll to Top