Принцот Хари (40) наводно почнал да жали за некои одлуки откако со Меган Маркл ги напушти кралските должности. Неговиот престој во Британија минатата недела – четири дена во Лондон и Нотингем – бил шанса да ги поправи односите со семејството.
По 19 месеци конечно се сретна со татко му, кралот Чарлс. Разговорот траел околу еден час и се смета за позитивен чекор, иако далеку од вистинско помирување. „Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со внуците“, откри кралски извор.
Но со братот Вилијам и натаму – ѕид. Иако биле на неколку километри растојание, средба не се случила.
По посетата, Хари отпатува во Украина, каде им даде поддршка на ветераните и потсети на страдањата на народот. А дали Меган и децата ќе го посетат Чарлс следната година – останува неизвесно. Безбедноста сè уште е главна кочница, па како решение се споменува престој во кралските резиденции со најстрога заштита.