Поранешниот принц Хари (35) бил фрустриран од кралскиот начин на живот и бил главен двигател во напуштањето на кралските должности и заминување во Америка.
Ова го пишува во новата биографска книга, „Пронаоѓање на слободата“, напишана за Хари и Меган од страна на новинарите Керолин Дуранд и Омид Скоби.
Тие заклучуваат дека Меган Маркл (38) нема никаква вина и удел во одлуката да го напуштат кралскиот начин на живот.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се оградија од новата книга во која е опишан нивниот живот додека биле дел од кралското семејство.
Хари и Меган велат дека во книгата, која треба да излезе следниот месец, тие не биле интервјуирани и немале никаков придонес во нејзиното пишување.
Во книгата се опишани нарушените односи меѓу Меган и кралското семејство. Пишува и за тоа дека браќата Хари и Вилијам воопшто не зборуваат поради односот меѓу нивните сопруги Кејт и Меган. Се открива и дека кај некој членови им пречела популарноста на Меган.
„Во Бакингамската палата имало луѓе кои не можеле да им веруваат. Пријател на Хари и Меган ја нарекол старата гарда во палатата, змии“, пишуваат авторите.
Хари и Меган откако го напуштија кралското семејство, прво се преселија во Канада, а од таму потоа продолжија со животот во Лос Анџелес. Тие во март годинава се повлекоа од сите кралски задолженија.